Петар Печков
Објавено: вторник, 07 јануари 2014
Според приказните и преданијата, водата над патот, кон куќата на Касапови се појавила после градбата на црквата Св.вм.Пантелејмон. Сознанијата кажуваат дека западниот дел од црквата е вграден во дел од пештера од околу 2 - 2,5 метри.во која постоел издашен извор на питка вода.Од памтивека Велешани пиеле вода од тој извор, на местото кое е наречено Самовилска вода.
За таа вода одсекогаш се велело дека е лековита,дури и дека лекува неплодност кај жените. Кога црквата се градела ,изворот бил каптиран и дел од водата бил насочен да истекува под самата црква.При тоа биле користени турски ќумци,кои биле посебно обработени ,а `` водата била спроведена надвор од источниот ѕид на црквата..,,.
На многу фотографии се гледа овој ѕид ,кој бил подигнат на источниот дел од дворот на црквата ,под подпорниот ѕид. Тој е одамна разрушен,а камењата се искористени за градба и оградување на блиските гробови.
Според кажувањата, цевководот минел под ѕидот и веројатно водата била испуштана да тече надолу по долот кон Вардар. Цевководот е одамна заборавен и оштетен,па водата неконтролирано се разлева и ``извира,, некаде во подножјето на брегот,во случајов над патот.
Постарите велат дека тука постојано имало вода, одсекогаш се сметала за лековита и света, па постојано се палеле свеќи, се молеле луѓето.
Постои стара приказна дека еден турчин ``си нашол аман,, и неговата ќерка прогледала одкога се измила со водата.Тој дал пари патот да се прошири и од козја патека направил улица. Додека умрел тој секојдневно доаѓал и се миел од водата. На двете слики се гледа ѕидот под потпорниот ѕид на црквата, кој е дел од заштитниот ѕид со кој е обиколена целата црква Св.Пантелејмон.соборната и најубавата ,но не и најстарата црква во Велес.
автор на текстот е Љупчо Данов
Tweet |